Дубаи, Африка, Харис Џиновиќ, Башановиќ, лични навреди и црна пропаганда – тоа е целиот дефокус на ВМРО кога треба да избега од скандалите или да одговори за реалните проблеми на граѓаните со високите сметки и цени, порача Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, во дебатата на ТВ 21.
Фрчкоски оцени дека власта на Мицкоски нема одговор ниту за високите сметки, ниту за поскапувањата, ниту за кризата во која живеат граѓаните, па затоа секојдневно произведува дефокус.
„Година и пол Наум и тимот околу него, а тоа се често и медиуми, се бават со ова, пропаганда за да камуфлира криминал. Нула резултати, криминал и корупција на секој чекор. Година дена се бави со евтина пропаганда, со најгнасен наратив. Единствена опсесија им е Јон, златната виза, Башановиќ, Дубаи. А граѓаните денес живеат во криза, живеат со покачени сметки, во најголема немаштија, со најнеодговорна и корумпирана влада во Европа“, истакна Фрчкоски.
Токму затоа секој обид за дефокус е осуден на неуспех, затоа што граѓаните добро знаат дека нивните проблеми не се решаваат со пропагандни приказни, туку со одговорна политика и конкретни мерки.
„Се што не можат да го покријат прават дефокус. 40% од медиумите се под контрола на власта, за да го камуфлира криминалот. Граѓаните не јадат иронија ниту црни кампањи. Ние имаме работа со банда која ја распарчува државата а се друго е дефокус од реалните проблеми.“ рече Јон Фрчкоски, член на Извршиот одбор на СДСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата