logo
logo
logo

Највисоки стандарди во лекувањето: Клиниката за нефрологија Скопје успешно акредитирана на 5 години

Vecer | 27.03.2026

Највисоки стандарди во лекувањето: Клиниката за нефрологија Скопје успешно акредитирана на 5 години

Во рамки на активностите на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи за подобрување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите, преку спроведување на постапка на акредитација во здравствените установи ЈЗУ Универзитетска клиниката за Нефрологија-Скопје, се стекна со сертификат за акредитација во важност од 5 години.

ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија e терциерна здравствена установа која врши специјалистичко – консултативна и болничка дејност од областа на нефрологијата, спроведува образовна дејност, врши усовршување на здравствените работници и научно – истражувачка дејност и други дејности од областа на нефрологијата. Вoeдно, Клиниката претставува референтен центар кој ги опслужува потребите на сите корисници на здравствени услуги на Република Македонија и странски државјани.

ЈЗУ Универзитетска клиниката за Нефрологија успешно ги имплементирање националните стандарди кои се базираат на современите и светските концепти за унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствената грижа и покажа високо ниво на исполнетост, согласно спроведеното надворешно оценување преку тим на надворешни лиценцирани експерти.

Со стекнување со статус на акредитирана здравствена установа, клиниката ја докажа својата посветеност кон безбедноста на пациентите и квалитетните здравствени услуги  преку:

воспоставување на ефикасен систем на менаџирање на клиниката, јасно дефинирани стратешки цели и програми за работа на приоритети програми и учество во превентивни мерки за намалување на инциденца и преваленца на бубрежните болести.

подобрување на квалитетот на здравствената заштита на здравствените услуги наменети за бубрежните болни, подобрена достапност, еднаквост и сообразност при обезбедување на здравствените услуги и намалување на ризиците,

спроведување на медицина заснована на докази

унапредување на правата на пациентите за сите медицински интервенции од областа на нефрологијата, стандардизиран третман на сите заболувања со цел секој пациент да биде подеднакво третиран на клиниката преку јасно дефинираните пакети за здраствени услуги.

Усовршување на стручниот кадар преку континуирана едукација,

Дополнително, во периодот од 2020 до 2025 година Клиниката е комплетно реновирана при што се обезбедени нови просторни услови за работа, отворени се дополнително специјалистичко-консултатаивни  амбуланти со дијагностика, обезбедена е нова реверзна осмоза за хемодијализа, зголемени капацитети за хемодијализа на хоспиталните пациенти, како и обезбедена нова останата медицинска и немедицинска апаратура што допринесува  за зголемување на капацитетот за лекување на бубрежните пациенти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk