logo
logo
logo

Регионална вежба во Македонија: Како медицинскиот персонал се подготвува за биолошки опасности

Vecer | 27.03.2026

Регионална вежба во Македонија: Како медицинскиот персонал се подготвува за биолошки опасности

Македонија е домаќин на теренска вежба за медицински персонал од Југоисточна и Источна Европа за итен одговор во случај на биолошка опасност.

Вежбата е во рамки на проект финансиран од Иницијативата ЦБРН центри на извонредност (за справување со хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни ризици) – најголема цивилна надворешно-безбедносна програма на ЕУ и дел од напорите на Унијата за спречување конфликти и за промовирање мир и стабилност – заедно со партнерите.

Заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ Бен Нупнау присуствуваше на отворањето на настанот. Практичното знаење и вештини се неопходни за заштита на граѓаните во случај на потенцијални инциденти. Од 2021 година наваму, проектот обезбеди обука на 700 медицински лица и опрема, а објави и прирачник за итна медицинска помош.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk