Во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор. Од нив 4 се активни, исто толку се под контрола и 27 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во селото Нивичино во општина Василево каде што гори нискостеблеста шума, кај селото Грешница, општина Македонски брод каде што гори мешана шума и ниска вегетација како и пожарите во општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани и во липковското село Виштица.
Според информацијата од ЦУК под контрола се пожарите во велешките села Џидимирци, Крушје и Ианковци, кај селото Николиќ во Дојран како и во Демир Хисар ладе што има пожар на градската депонија и во Македонски Брод кај селата Црешнево, Локвица и Крапа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата