logo
logo
logo

Ковачки: Имаме класични прекршувања на законите и злоупотреби за кои досега морало да има обвинение

Vecer | 11.09.2025

Ковачки: Имаме класични прекршувања на законите и злоупотреби за кои досега морало да има обвинение

После денешната посета, тоа што може да го заклучам е дека јавното обвинителство треба да се ,,издига на клоци”. Ценам дека имаме класични прекршувања на Законите и злоупотреби за кои досега морало да има обвинение! Мора да се расчисти со филм-мејкерите на чело со нивните наредбодавци. Холивуд може вода да носи!, посочува во соопштението пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Не смее да има застарување на предметите под плаштот на класифицираност на постапки, а не смее да има и јавно објавување и ,,забава за народ” заради легалноста на постапката! Поради природата и сензитивноста на состојбите, имајќи во предвид дека сум обврзан, нема да зборувам повеќе, вели Ковачки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk