logo
logo
logo

Настов: Карадакоски беше најтешкиот пациент, имаше тешки изгореници од втор и трет степен

Vecer | 04.04.2025

Настов: Карадакоски беше најтешкиот пациент, имаше тешки изгореници од втор и трет степен

Александар Карадакоски, пациентот кој почина во Литванија како последица на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, имаше 29 години. Тој вториот ден по неговиот прием во болница, бил транспортиран во Литванија. Небојша Настов, директор на болницата „св. Наум Охридски“, рече дека тој имал тешки изгореници на главата, вратот, екстремитетите уште пред да биде испратен на лекување во странство.

„Во текот на денот дојде до влошување на состојбата, попладнето беше потребна механичка вентилација односно интубација. Изгорениците не беа мали, вкупната површина беше 36 отсто, претежно на горните екстремитети, главата и вратот. Со длабочина од втор и трет степен. И заради оној дел од пламенот, од чадовите кои ги вдишал, дошло до оштетување на внатрешните дишни органи. Оштетено беше голем дел од дишното стебло, затоа се влошила состојбата. Тоа довело до подлегнување на повредите. Пациентот 24 часа по приемот, со медицински авион беше префрлен во Литванија. Мора да бидеме свесни дека поголемите изгореници и повреди, не секогаш ќе завршат добро“, рече Небојша Настов, директор на болницата „св. Наум Охридски“.

Таравари рече дека раните од втор и трет степен отвориле простор за инфекции.

„Испратен беше на 17 март, втор ден по трагедијата во Кочани. Имаше 29 години. Тој беше најтешкиот пациент. На 1 април му откажаа бубрезите, беше ставен на дијализа. Имаше температура, рани. Раните од втор и трет степен отвораат простор за инфекции“, рече Таравари.

Карадаковски беше и осомничен како управител на хартија, на фирмата „ММММ Кафе ДООЕЛ“ под која функционирала дискотеката „Пулс“. Обвинителството ја запре постапката, а тој стана жртва на пожарот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk