logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА И КАЗАХСТАН ЌЕ ГИ ПРОДЛАБОЧАТ ЕКОНОМСКИТЕ ВРСКИ

Vecer | 10.06.2025

МАКЕДОНИЈА И КАЗАХСТАН ЌЕ ГИ ПРОДЛАБОЧАТ ЕКОНОМСКИТЕ ВРСКИ

Во рамки на работната посета на Република Казахстан, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртлеу.

Во фокусот на разговорите беа можностите за интензивирање на севкупната билатерална соработка, размена на посети на високо ниво, како и одржување на третата рунда политички консултации во Скопје, информираат од Министерството.

Двајцата министри се согласиле дека постои значителен потенцијал за натамошно продлабочување на односите, особено во економската сфера – преку зголемување на трговската размена и поттикнување на странски директни инвестиции. Било истакнато и задоволството од досегашната соработка на мултилатерален план, при што биле разменети мислења за низа актуелни прашања од регионален и поширок контекст.

Средбата била заокружена со потпишување на Програмата за соработка меѓу двете министерства за периодот 2025–2027 година, како конкретен чекор кон унапредување на билатералните односи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk