Скопје добива нов лик! Изминатава недела работиме со засилено темпо на точки кои со години беа закочени, а дел од нив останаа само лажно ветување. Денес, тие напредуваат, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
‒ На клучката кај „Момин Поток“ се работи со полна пареа. На „Љубљанска“, од огромно значење за жителите на Карпош, динамиката е јасно видлива. Паралелно, напредуваат и градежните работи на „Перо Наков“ во Гази Баба, клучна сообраќајна артерија по која секојдневно поминуваат илјадници граѓани. Ова е само почетокот на сериозна, одговорна и посветена трансформација, посочи тој.
Ѓорѓиевски порача дека скопјани заслужуваат град со визија, ред и достоинство.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата