logo
logo
logo

ГАШИ СО ЧЕСТИТКА ДО ГРАЃАНИТЕ 23 Октомври е потсетник на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност

Vecer | 23.10.2025

ГАШИ СО ЧЕСТИТКА ДО ГРАЃАНИТЕ 23 Октомври е потсетник на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Во честитката Гаши истакнува дека 23 Октомври нè потсетува на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност во едно значајно историско време.

-Овој ден ни нуди можност да размислиме за патот што го поминавме како држава и за нашата заедничка посветеност кон подобра иднина за сите наши граѓани, порачува претседателот на Собранието.

Тој нагласува дена во време на предизвици, важно е да го одржиме жив дијалогот, почитта и демократските вредности кои нè обединуваат како општество.

-Само преку соработка и инклузивност можеме да изградиме посилни институции и поправедна и поинклузивна држава.По тој повод, посакувам овој ден да ни биде повик за единство, граѓанска посветеност и заедничка заложба за иднината на нашата земја. Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, стои во честитката на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk