logo
logo
logo

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повика на излезност на изборите, седењето дома е најлошата опција

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА 60 ОПШТИНИ ВО РАЦЕТЕ НА КОАЛИЦИЈАТА

Vecer | 27.10.2025

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА 60 ОПШТИНИ ВО РАЦЕТЕ НА КОАЛИЦИЈАТА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Пробиштип го повика граѓаните масовно да излезат на гласање во недела, 2 ноември, за вториот круг од локалните избори.

– Во недела масовно да излеземе на избори, да го заокружиме бројот 9 за Тони Тоневски и за развој на Пробиштип. Седењето дома е најлошата опција – порача Мицкоски.

Тој потенцираше дека во првиот круг коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 33 градоначалници, а двајца кандидати се откажаа, што го зголемува бројот на градоначалници на 35. Во вториот круг се одлучува во 24 општини, а во шест од нив коалицијата е второпласирана со големи шанси за победа.

– Во 58 општини советничките листи на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победија и имаат убедливо мнозинство во Советот. Кога на сето тоа ќе се додаде убедливото водство на идниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, очекуваме вкупно 60 општини, нешто што досега ниту една политичка коалиција во независна Македонија не го постигнала – рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи и дека Демократската унија за интеграција (ДУИ) е поразена на овие локални избори, откако повеќе од 20 години беше дел од влади во земјата.

– Имаме три опции во вториот круг: да се гласа за победничката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, да се гласа за поранешната владина коалиција предводена од СДСМ или, најкатастрофалната опција, да останеме дома. Седењето дома не казнува никого, освен самите граѓани – додаде Мицкоски.

Тој заврши со повик до граѓаните да го слушаат својот разум и срце и да го заокружат бројот 9 за Тони Тоневски.

– Убеден сум дека кога ќе застанете позади параванот, ќе го препознаете бројот 9 и името на Тони Тоневски како вашата опција за следните четири години – заклучи Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk