logo
logo
logo

СТРАНЦИТЕ ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВААТ ПРЕКУ МВР за Кривичната и Казнената евиденција

Vecer | 21.10.2025

СТРАНЦИТЕ ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВААТ ПРЕКУ МВР за Кривичната и Казнената евиденција

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека кривичната и казнената евиденција за странски државјани ќе се проверува преку Министерството за внатрешни работи.

-Кривичниот суд ги известува странските државјани кои престојуваат во Република С. Македонија дека, согласно новите процедури, проверките за казнена и кривична евиденција неопходни за регулирање на престој, повеќе нема да се вршат преку судовите, туку директно од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР). Имено, странските државјани не треба повеќе самостојно да обезбедуваат потврди од судовите. Проверките по однос на казнена и кривична евиденција ќе ги врши Министерството за внатрешни работи по службена должност во рамки на постапката за одобрување или продолжување на престојот, наведуваат од Кривичен.

Со оваа измена, се посочува, се овозможува побрзо и поедноставно спроведување на постапките за регулирање на престојот на странските државјани, при што се скратува времето потребно за прибавување на потребната документација, наведуваат од Скопскиот Основен кривичен суд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk