logo
logo
logo

Нов универзитетски комплекс на „Мајка Тереза“: Проект вреден над 113.000 м²

Vecer | 09.03.2026

Нов универзитетски комплекс на „Мајка Тереза“: Проект вреден над 113.000 м²

Градежната компанија Стентон Градба е изведувач на проектот за изградба на нов универзитетски објект и партерно уредување на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, чиј камен темелник беше поставен во петокот, 07.03.2026 година.

Станува збор за капитален зафат од областа на високото образование и градежништвото, кој претставува значајна инвестиција во современа образовна инфраструктура.

Според предвидената проектна документација, вкупната површина опфатена со објектот и партерното уредување изнесува 31.434,14 метри квадратни. Максималната површина за градба на приземје е планирана на 18.860 метри квадратни, додека максималната развиена површина на сите нивоа ќе достигне 113.160 метри квадратни. Објектот е предвидено да биде изграден со катност приземје плус пет ката, што укажува на обемен и функционално комплексен градежен проект.Универзитетот ќе се гради на просторот на поранешната касарна „Илинден“.

Со овој ангажман, Стентон Градба се јавува како изведувач на проект со значајни технички и организациски барања, кој покрај самата изградба на објектот го опфаќа и партерното уредување како важен сегмент од идниот универзитетски комплекс. Размерот на површината и планираната катност упатуваат на објект што ќе има суштинска улога во развојот на просторните и функционалните капацитети на Универзитетот „Мајка Тереза“.

Од Универзитетот посочуваат дека станува збор за значаен проект што означува нова етапа во развојот на образовната инфраструктура и научната дејност во земјата.

Проектот за новиот универзитетски објект претставува важен чекор кон унапредување на условите за високо образование, а воедно ја истакнува и улогата на домашната градежна оператива во реализација на објекти од големо јавно значење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk