logo
logo
logo

СЕ БАРААТ СИТЕ БЕГАЛЦИ И ПОЛИТИЧКИ АЗИЛАНТИ, Министерството за правда нема ништо заедничко со она од времето на СДСМ, Артан Груби и Али Ахмети

Vecer | 27.11.2025

СЕ БАРААТ СИТЕ БЕГАЛЦИ И ПОЛИТИЧКИ АЗИЛАНТИ, Министерството за правда нема ништо заедничко со она од времето на СДСМ, Артан Груби и Али Ахмети

Министерството за правда нема ништо заедничко со она министерство од времето на СДСМ, кога со Артан Груби и Али Ахмети беше договарано кој и каде ќе избега. Тоа го истакна министерот за правда, Игор Филков, како одговор на прашањата што до него од говорницата ги упати пратеникот Миле Талевски од редовите на опозициската СДСМ.

Пратеникот Талевски од говорницата во Собранието го праша министерот за правда дали  Министерството за правда има поднесено ново барање за екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски, и второ прашање доколку е поднесено такво барање, кога и до која институција во Унгарија. Талески зборуваше за постоење индиции дека се креира сценарио за создавање услови Груевски да се врати во земјата.

Министерот Филков пред пратениците посочи дека несериозно е опозицијата да ја замајува јавноста, како што рече, да се занимава со циркус, а не со реална работа…

– Ова Министерство си ги бара сите бегалци. Но, вие говоревте за политички азиланти. Кога станува збор за политичките азиланти, секојпат кога ќе бидат создадени услови Министерството за правда повторно и повторно ќе си ги бара своите граѓани. А во меѓувреме, да дадете одговор каде се оние другите за кои вие договаравте бекство, рече министерот за правда.

Пратеникот Талевски незадоволен од одговорот на министерот Филков и некоректното негово однесување пред Собранието и пратениците, побара во писмена форма од Министерството за правда да му биде одговорено зошто до овој момент не поднело барање до Унгарија за екстрадиција на Никола Груевски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk