logo
logo
logo

„Апсолутно отфрлам дека каков било напад е направен врз ова лице“

ВЛАДИМИР ПЕРЕВ НЕ БИЛ НАПАДНАТ ОД НИКОГО

Vecer | 26.11.2025

ВЛАДИМИР ПЕРЕВ НЕ БИЛ НАПАДНАТ ОД НИКОГО

Премиерот, Христијан Мицкоски, тврди дека немало напад врз новинарот и публицист Владимир Перев кој пријавил во полиција дека бил нападнат во Скопје.

„Апсолутно отфрлам дека каков било напад е направен врз ова лице“, рече Мицкоски.

Тој обвини за конструкции и инженериг од Бугарија и вели дека тоа не е ништо ново.

„Некој може да накисне на дождот надвор и тоа да биде хибриден напад од страна на Владата со кој се загрозува интегративниот процес. Ако некој одлучил да се самоповреди и тоа да го прикаже како хибриден напад или не знам каков напад, тоа е друга работа. Не очекувајте дека ние ќе имаме црвен тепих и дека нема да се прават конструкции и инженеринг. Тоа е тоа, ние сме навикнати на тоа. Инаку, апсолутно отфрлам, а и имав консултации во текот на вчерашниот ден, дека каков било напад е направен врз ова лице“, одговори Мицкоски на новинарско прашање како ги коментира реакциите на МНР на Бугарија и на бугарскиот претседател Румен Радев кои по објавата за нападот на Перев побараа институциите во земјава да спроведат ефикасна истрага.

Владимир Перев
Владимир Перев

80-годишниот Перев пријавил во полиција дека на 21 ноември бил физичи нападнат од едно лице во маркет на подрачјето на Центар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk