logo
logo
logo

„Декларација за Македонија на граѓаните и за општини што создаваат иднина“

Формализирана коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, составена од 25 партии (ВИДЕО)

Vecer | 12.09.2025

Формализирана коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, составена од 25 партии (ВИДЕО)

Претседателот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати по повод промовирање на изборната коалиција за претстојните локални избори и потпишување на документот „Декларација за Македонија на граѓаните и за општини што создаваат иднина“

-Денес ја формализираме коалицијата „Твоја Македонија“ која заеднички ќе настапи на овие локални избори. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е убедливо најголемата коалиција која е составена од 25 партии кои се од различен карактер и во голема мера го претставуваат колоритот во македонското општество. Различни структури припадности што само потврдува дека се обединуваме околу заедничка платформа, што подразбира обезбедување на иднина и развој, рече Мицкоски.

Тој додаде дека овие локални избори се важни за нас, за иднината на државата и тоа поради минимум две причини и тоа: Првата е дека локалните самоуправи дирекно се надележни да ги решаваат проблемите на граѓаните и не е сеедно каков градоначалник ќе се избере.

-Ние во изминатиот период покажавме и докажавме дека умееме да ги водиме општините без ниту еден скалдал и со многу работа, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk