logo
logo
logo

Требал да одлежи во ПОПРАВЕН ДОМ ТЕТОВО, сега веќе е во ИЗ Шутка 20-годишникот кој ја прегази Фросина на Партизанска (ВИДЕО)

Vecer | 30.01.2025

Требал да одлежи во ПОПРАВЕН ДОМ ТЕТОВО, сега веќе е во ИЗ Шутка 20-годишникот кој ја прегази Фросина на Партизанска (ВИДЕО)

20-годишникот кој ја прегази Фросина на Партизанска, има притвор од 30 дена во ИЗ Шутка, иако претходно требало да одлежи ВПД Тетово.

Ќе одлежи 30 дневен ефективен притвор кој му е определен во ИЗ Шутка, а за претходните дела, како што е наведено во соопштението на јавното обвинителство, требало да лежи како помлад полнолетник во село Волковија, близу Брвеница, меѓу Тетово и Гостивар.

Детето на @SDSMakedonija во време на @o_spasovski имал 10 пријави и плус го фатиле со 80 кеси амфетамин. Но СДС решило да го ослободи за сега да убие девојче дроп пијан и издрогиран со 130 на час на ЦРВЕНО, пишуваат познавачите на Х.

Објектот каде требало да одлежи во времето на СДСМ, е нов, и во него се вложени 4 милиони евра, стои во објавата по неговото отворање во 2020 година.

Станува збор за нов објект на Воспитно поправниот дом за децата штитеници. Со подобрените услови се очекува значително да се подобри грижата, ресоцијализацијата и рехабилитацијата на децата штитеници. Вкупната вредност на изградбата на ВПД Тетово изнесува 253.582.000,00 денари или 4 милиони евра.

Воспитно-поправен дом претставува целосно нов комплекс на објекти со површина од околу 16.000 м2, ограден со безбедносна жичена ограда, шеталишта, спортско игралиште за кошарка, мал фудбал и ракомет. Целосно се исполнети условите за самостојно функционирање на установата и тоа:

-Три објекти за сместување во отворени одделенија и одделенија за засилен надзор, со нето површина од 1.920 м2,

-Покрај сместувачките објекти изграден е административен блок со нето површина од 1.603 м2, во чии рамки е приемното одделение, одделение за посети, амбуланта за општа медицина и стоматологија, кујна, трпезарија, перална, едукативно одделение, повеќе наменска спортска сала и административен дел за вработените во установата, и

-Објект со две работилници и гаражи за работно ангажирање на штитениците.

Во врска со медиумските написи поврзани со претходните постапки за лицето осомничено за сообраќајната несреќа на “Партизанска”, обвинителството појаснува дека ОЈО Скопје поднесе обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор која по предлог на обвинителството беше определена од самиот старт на постапката, и тоа за две кривични дела од член 215 од Кривичниот законик – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која на обвинетиот му изрече – заводска мерка упатување во воспитно -поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk