logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ е згрозено до каде Филипче и Заев биле спремни да одат само за да се збогатат (ВИДЕО)

Vecer | 17.01.2026

ВМРО-ДПМНЕ е згрозено до каде Филипче и Заев биле спремни да одат само за да се збогатат (ВИДЕО)

ВМРО-ДПМНЕ преку пратеникот Бојан Стојаноски на прес конференцијата денеска реагираше на прес конференцијата на Венко Филипче, а која тој најави дека ќе го тужи д-р Жан Митрев што сакале со Заев да му ја земат болницата.

- Докторот и сопственик на клиниката Жан Митрев, во интервју на национална телевизија, кажа дека Венко Филипче и Зоран Заев, му се заканувале со цел да му ја одземат болницата.

Во екот на судскиот случај којшто се одвивал против Митрев, кога биле на власт и од позиција на моќ, големците Филипче и Заев, едниот како премиер, другиот како министер за здравство, искористиле момент и преку свои далеку познати методи и пракси, сакале да му го земат сопствеништвото врз клиниката Жан Митрев.

Преку институциите, на Митрев му биле блокирани личната сметка и сметката на болницата, а притисокот одел дотаму што имал и забрана за продажба на истата. Во своето сведоштво, Митрев вели дека откако одредени поединци од тогашната власт, тука секако се мисли на Заев и Филипче, изразиле желба да му ја одземат болницата, по само една недела ЈО му ја отстранило забраната. Како е ова можно се прашуваме?

Исто така, др. Жан Митрев обелоденува дека сакале да му ја откупат болницата, по цена далеку пониска и од реалната и од пазарната.

ВМРО-ДПМНЕ е згрозено од тоа до каде Филипче заедно со менторот Заев, биле спремни да одат само за да се збогатат. Додека луѓе умираа секојдневно од КОВИД кризата, за којашто Филипче и Заев не обезбедија вакцини навремено, тие се занимавале со сценарија за одземање на сопствеништвото на Жан Митрев во истоимената болница. Наместо да мислат на добробитот на граѓаните, за ова дуо слушаме, згради, автокомпании, авиокомпании, анекси, договори, тендери, набавки, па сега и болници.

Го повикуваме ЈО веднаш да го истражи случајот и неселективно да постапи по истото, посочи Стојановски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk