logo
logo
logo

ФИЛИПЧЕ ќе го тужи Жан Митрев дека СО ЗАЕВ САКАЛЕ ДА МУ ЈА ЗЕМАТ КЛИНИКАТА

Vecer | 17.01.2026

ФИЛИПЧЕ ќе го тужи Жан Митрев дека СО ЗАЕВ САКАЛЕ ДА МУ ЈА ЗЕМАТ КЛИНИКАТА

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче ќе го тужи Жан Митрев по обвинувањата дека со Заев сакале да му ја земат болницата. Тој ова го најави на денешната прес-конференција каде упати критики на контото на власта.

- Секој ден сум предмет сум јавен линч, црна кампања и манипулации. Дубаи, згради од 42 ката, Сент Морис. Пред некој дури ме споредија дури и со Џими Џонс убиец на 300 деца.

Вчера, отидоа дотаму, да преку Жан Митрев, за кого како лекар не можам да кажам што мислам, ме обвинија за рекет за цела болница. Претераа. Ова веќе ги поминува сите можни граници. Доста е веќе. Сега ќе ги тужам. Мојот одговор преку суд ќе го добијат и наредбодавачите и извршителот.

Го повикувам Жан Митрев нека отиде кај обвинител и нека поднесе Кривична пријава ако смее, па да одговара по Кривичен закон. Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета. Е, затоа власта не сака реформи, не сака реформирано правосудство по европски стандарди, за токму ова да го прави, рече Венко Филипче на денешната прес-конференција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk