Вечерва, со почеток во 19:00 часот, градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
На настанот ќе бидат презентирани реализираните проекти, тековните активности и приоритетите во насока на развој и модернизација на градот, информираат од Град Скопје.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните.
Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното.
Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ.
Она што го постигнавме е само почеток.
Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните.
Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку.
Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат.
И да, пред нас има уште многу работа.
Ќе има и предизвици.
Но ние не се откажуваме!
Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно.
За секој еден од вас.
За достоинствен град“, вели Ѓорѓиевски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата