logo
logo
logo

ОВА НЕ Е ПОРАЗ, ОВА Е ИЗБОРНО ЦУНАМИ! Костадинов бара итни реформи во СДСМ

Vecer | 20.10.2025

ОВА НЕ Е ПОРАЗ, ОВА Е ИЗБОРНО ЦУНАМИ! Костадинов бара итни реформи во СДСМ

По 20 години владеење, во општината која долго време беше пример за прогрес, СДСМ ќе се најде во опозиција, истакна Костадин Костадинов во својата објава на Фејсбук. Тој честита на новиот градоначалник и на мнозинството во Советот на Општината, оценувајќи дека резултатот ја покажува волјата на струмичанки и струмичани.

– Од резултатите на Државната изборна комисија е јасно дека изборното цунами се разлеа низ речиси сите општини во државата. Ова не е обичен пораз, туку тежок политички и морален удар за СДСМ“, напиша Костадинов.

Тој посочи дека СДСМ сега е четврта политичка сила и дека не влезе во втор круг во Скопје, што, според него, укажува на потребата од политичка одговорност и итни реформи во партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk