Интензивно и со јасна визија се работи на првата фаза од булевар Македонија, објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски споделувајќи снимка од започнатите градежни работи.
Според Ѓорѓеивски, се работи за проект што го менува ликот на градот и ја отвора вратата кон модерно, функционално Скопје.
„Со завршувањето на сите фази, скопјани за првпат ќе добијат подземна сообраќајница, решение што носи побрз проток, поголема безбедност и нов квалитет на урбаното живеење. Продолжуваме со дела, одговорно и посветено, за наше Скопје“, најави градоначалникот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата