logo
logo
logo

Тинејџер без возачка дозвола со БМВ го прегази докторот Ѓорѓи Јота во Скопје

Vecer | 26.02.2021

Тинејџер без возачка дозвола со БМВ го прегази докторот Ѓорѓи Јота во Скопје

Хирургот Ѓорѓи Јота вчера вечерта бил прегазен на крстосницата од булевар „Мајка Тереза“ и улицата „Елисие Поповски Марко“ во Скопје:

58 годишниот доктор бил прегазен од 16 годишно момче кое без возачка дозвола возела автомобил БМВ.

Доктор Јота со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза.

Случајот го потврди и Министерството за внатрешни работи.

„На 25.02.2021 во 20:30 часот било пријавено дека на крстосницата од бул еваерот „Мајка Тереза“ и улица „Елисие Поповски-Марко“ патничко моторно возило „БМВ Х6“ со скопски регистарски ознаки управувано од 16- годишник удрило во Ѓ.Ј.(58) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се задобил пешакот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје – се наведува во одговорот од МВР.

Како што информираат дел од медиумите, докторот е во коматозна состојба

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk