logo
logo
logo

ДОБИВТЕ ВАКВА ПОРАКА? ЦУК го тестира системот за СМС предупредување на граѓаните

Vecer | 10.07.2025

ДОБИВТЕ ВАКВА ПОРАКА? ЦУК го тестира системот за СМС предупредување на граѓаните

Центарот за управување со кризи почна со тестирање на системот за рано предупредување/информирање на граѓаните.

Попладнево голем дел од граѓаните добиваат СМС пораки од ЦУК.

-Ве известуваме дека на територија на цела држава е прогласена кризна состојба за полесно справување со шумските пожари. Воедно ве известуваме и дека во сила е забраната за движење во шумите, е содржината на пораката која попладнево пристигна на мобилните телефони на голем број граѓани.

Од ЦУК појаснуваат дека се врши тестирање на системот кој набрзо треба да се имплементира.

Поконкретно тестирањето е во насока на подготвеноста на мобилните оператори, на колкав број корисници оддеднаш можат да испратат порака со предупредување без проблеми.

-Целта на тестот е да се провери кои се можностите за праќање на вакви масовни пораки кои во иднина треба да бидат дел од системот „cell broadcasting“ или масовно праќање на пораки во случај на кризна ситуација за известување и тревожење. ЦУК има обврска да го импелементира овој систем и отпочнато е со подготовки за изработка на физибилити студија за овој систем, појаснуваат од ЦУК.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk