logo
logo
logo

Пендаровски: Не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти, тоа го нема во ниедна демократија во светот

Vecer | 17.02.2021

Пендаровски: Не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти, тоа го нема во ниедна демократија во светот

Ќе се вакцинирам по медицинскиот персонал и сакам тоа да биде јавно за да може да ги одбиеме сомнежите кон вакцината што некои луѓе ги имаат, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за МКД.мк и порачува дека политичарите не треба да бидат привилегирани и да им го земаат местото на оние што една година не се излезени од болничките простории.

Повикува на градење култура на комуникација и на консензус - „не можам да сфатам дали е можно, од толку амандмани од опозицијата за законот за попис дека баш ниеден не беше конструктивен, макар некој технички, козметички“. За односите со Бугарија вели дека атмосферата е на најниско можно ниво од ‘90 до денес и дека за тоа најмногу придонесоа политичките вмешувања во работата на историската комисија што доаѓаат од Софија, а не од Скопје.

Како ја оценувате политичката ситуација во Македонија сега?

Зависи со кој период споредуваме. Ако споредуваме со 2017 на пример, и познатиот лош настан од влезот на демонстрантите во парламентот, ние денеска сме прилично стабилна држава.

Ако ги земате предвид настаните што се случија за време на пандемијата, пред сѐ поради пандемијата, зашто цела година живеевме практично во вонредна состојба, а сега имаме кризна состојба на целата територија, што подразбира и одреден вонреден начин на функционирање на институциите, јасно е дека постојат одредени тензии. Но тие според мене беа поочигледни до изборите, бидејќи воопшто немавме парламент и моравме на Владата да ѝ дадеме овластувања да владее со уредби со законска сила, што по дефиниција е тешко. Во тој дел имаше тензии, кои мислам сепак добро ги изменаџиравме, гледано генерално, затоа што по изборите на 15 јули релативно брзо се формираше влада и парламент и можеа да си ги преземат своите надлежности.

Ова што се случи последните месеци околу политичката стабилност мислам дека се вообичаени политички турбуленции што сме ги имале многу пати во изминатите 30 години. Не мислам дека станува збор за нешто вонредно, според пропорциите или потенцијалот да ја втурне државата во уште поголема дестабилизација. Не гледам индикатори што нѐ насочуваат во тој правец дека ќе има поголема политичка турбуленција. Овие тензии што се одвиваат главно во парламентот се вообичаени, се навикнавме на нив во изминатите 30 години.

Во ваква ситуација, кои се според Вас најголемите проблеми во државата, почнувајќи од слабостите во системот?

Најголемите слабости на нашава држава се оние што ги детектиравме уште во раните 90-ти години. Тоа не зборува за нас добро. Имавме неколку транзиции на власта, но системските слабости се неоспорни, постојат и нив ги знаеме сите.

Владеењето на правото не е на нивото на зрелите европски демократии. Тоа го кажува и Европската комисија во секој годишен извештај. Ако зборуваме за функционирање на институциите, на правосудството, на големите системи во државата, ние имаме неоспорни проблеми, кои се детектирани одамна, и не успеваме значајно да ги подобриме перформансите на тие системи или потсистеми во општеството. Неоспорно е дека ситуацијата сега, вклучително и во најголемиот проблем – правосудството, е далеку подобра од онаа од пред 5 или 10 години, кога државата беше практично заробена, а во тој контекст, правосудството беше најмногу заробено. Сепак, сите извештаи во последно време покажуваат дека тука има напредок, но не доволен и не само зашто тоа ни го кажуваат меѓународни организации како Транспаренси, туку затоа што нашите граѓани во секоја анкета тоа го посочуваат, дека сѐ уште не се чувствуваат сигурни кога треба да бараат некоја услуга што државата мора да им ја испорача.

Целото интервју прочитајте го на МКД. МК.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk