logo
logo
logo

ОДМОР ВО СЕПТЕМВРИ ПЛАНИРААТ ПАМЕТНИТЕ И БОГАТИТЕ, а еве какво време ќе ги очекува таквите

Vecer | 24.08.2025

ОДМОР ВО СЕПТЕМВРИ ПЛАНИРААТ ПАМЕТНИТЕ И БОГАТИТЕ, а еве какво време ќе ги очекува таквите

Септември е месец што многу тиристи често го планираат за своите одмори, затоа што нуди многу придобивки што летото не може. Предностите на одењето на одмор во септември вклучуваат помалку гужви, можност за прошетки во оклината и активен одмор наместо бескрајно лежење по плажи и престој во вода. Нуди пониски цени, попријатна клима, повеќе мир и спокој, и поавтентично искуство на дестинациите.

Накусо, пријатно време кое ви дава избор: со што и како сакате да го исполните денот, а не да се помине одморот монотоно од соба до плажа, од плажа до соба... постојано жалејќи се на вруќините.

Според моменталните излази на најажурниот прогностички модел ECMWF (Европски центар за Среднорочна прогноза) месец септември 2025 година во нашата Република Македонија ќе биде потопол од повеќе деценискиот просек и тоа за 1 до 2 степени, што значи дека летните температури со по умерен интензитет ќе продолжат и во текот на месец септември, пишува метеорологот Славчо Попоски.

„Според она што можам во моментов да го изјавам за јавноста, во првата седмица од септември ќе имаме уште еден топол бран од Африка кој ќе донесе температури од над 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминуваат 35 степени. Потоа повторно очекувам освежување на времето со умерено високи температури на воздухот.

Што се однесува пак до врнежите во текот на месец септември, тие во нашиот дел од Европа ќе бидат потпросечни, односно ќе имаме нешто помалку врнежи од просекот за септември. Сепак, и покрај ова секако ќе има повремени продори на влажни и нестабилни воздушни маси кои би донесле повремени поројни врнежи, грмежи, ветер а и можност за локална појава на невреме“, прогнозира Поповски.

Што се однесува до најголем дел од Европа, септември месец ќе биде натпросечно топол, со повеќе и почести врнежи во северните и во северозападните предели од Европскиот Континент.

„Се на се, слободно можам да кажам дека доколку планирате одмор во септември како во нашите туристички места, така и во туристичките дестинации во регионот слободно тоа да го направите, поради тоа што летото ќе ни продолжи и ќе го имаме и во септември месец, нормално со по умерени температури на воздухот“, пишува метеорологот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk