logo
logo
logo

ВАСИЛЕВСКА МУ ЗАБЛАГОДАРИ НА ВАЈЦ ШТО СЕ ЗАЛОЖУВА ЗА МАКЕДОНИЈА во Европскиот парламент

Vecer | 26.11.2025

ВАСИЛЕВСКА МУ ЗАБЛАГОДАРИ НА ВАЈЦ ШТО СЕ ЗАЛОЖУВА ЗА МАКЕДОНИЈА во Европскиот парламент

Копретседавачката на Мешовитиот парламентарен комитет РСМ – ЕУ, Иванка Василевска, денеска во Стразбур му изрази благодарност на известителот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, за неговиот континуиран ангажман во поддршката на евроинтеграциите на земјата.

Василевска и заменик-копретседавачката Соња Мираковска се сретнале со Вајц пред почетокот на 24. состанок на Мешовитиот комитет во Европскиот парламент.

Разговорите, според собраниската прес-служба, се одвивале во дух на меѓусебна почит и европска солидарност.

„Благодарни сме за напорите на Европскиот парламент и особено за Вашиот личен ангажман во придвижувањето на процесот на приближување кон Европската Унија“, истакна Василевска, додавајќи дека сите релевантни политички фактори во државата се посветени на оваа стратешка цел.

Томас Вајц, пак, ја потврдил силната поддршка на Европскиот парламент за интеграцијата на Македонија, нагласувајќи дека процесот ќе се темели врз резултати и искрена соработка.

Меѓу темите на разговор биле актуелните случувања во земјата, реформската агенда и Извештајот на Европската комисија. Василевска ја нагласила потребата да се зачува конструктивниот политички дијалог, како клучен елемент за напредокот на земјата во преговорите со Унијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk