logo
logo
logo

СЕКОЈА АПТЕКА МОРА ДА ГИ ИМА ОВИЕ ЛЕКОВИ, ако ги нема - пријавете ги

Vecer | 07.07.2026

СЕКОЈА АПТЕКА МОРА ДА ГИ ИМА ОВИЕ ЛЕКОВИ, ако ги нема - пријавете ги

Секоја аптека мора да ги има лековите што се на позитивната листа и што се издаваат на рецепт, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Тој ги повика граѓаните да пријават во Фондот, преку инфо-мејлот или формуларот за информации, доколку некоја аптека одбие да издаде лек на рецепт.

Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт, додаде Клековски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата на која го презентираше новото проширување на позитивната листа со три нови антикоагулантни лекови – „еноксапарин“, „надропарин“ и „ривароксабан“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk