logo
logo
logo

КАКВО ВРЕМЕ НЕ ЧЕКА НЕДЕЛАВА ПО ПРАЗНИЦИТЕ? Нема многу да се израдуваме

Vecer | 19.01.2026

КАКВО ВРЕМЕ НЕ ЧЕКА НЕДЕЛАВА ПО ПРАЗНИЦИТЕ? Нема многу да се израдуваме

Од вторник па се до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но постудено. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.

По котлините ќе има услови за појава на магла.

Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk