Вчера, бугарски државјанин се обидел да влезе во Македонија од Србија преку граничниот премин Табановце, со солзавец и електрошок во автомобилот, известува МВР.
„На 06.04.2025 година во 10:50 часот на граничниот премин Табановце, при влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.А. (37) од Република Бугарија, бидејќи при гранична контрола и проверка на патничкото возило „Нисан“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се и одземени електрошок и солзавец. Тој е предаден на полициските службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка“, соопшти полицијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата