logo
logo
logo

ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА ИМА НЕШТО ДА И КАЖЕ НА ДОБРИЛА КАЦАРСКА, а доаѓа од ЕСЧП во Стразбур

Vecer | 24.11.2025

ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА ИМА НЕШТО ДА И КАЖЕ НА ДОБРИЛА КАЦАРСКА, а доаѓа од ЕСЧП во Стразбур

„Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвара сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично судење во предметот против мене, за набавката на блиндирано возило за потребите на државата.

Овие прашања не се само потврда на целото беззаконие и бескрупулозност на инсталациите на претходната власт во правосудството во однос на мене лично, туку и потврда дека токму тие инсталации беа најмоќната алатка за остварување на целите на таа влада. Иако поминаа скоро 5 години од поднесувањето на апликацијата пред ЕСЧП, а јас издржав неправедна драконска казна и штетата која ја претепев на приватен и професионален план не може да се надомести, сепак сознанието дека од страна на ЕСЧП овие повреди се препознаени, за мене е една мала лична сатисфакција.

Можеби конечно оние со 2% доверба ќе ја примат пораката дека не смеат да слугуваат на ничии интереси и агенди затоа што граѓаните ги плаќаат да ги штитат, а не да ги кршат нивните права.

Госпоѓата која денес е на столбот на срамот, а која за своите злодела беше од страна на претходната власт дебело наградена со висока функција е пример дека судиската тога не е панцир што штити од општествен прекор.

Се надевам дека конечно ќе има одговорност за сите сторени зла, но и ако тоа не се случи, немам дилема дека никој не може да му избега на судот на историјата“, пишува екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на ФБ, која беше осудена на 6 години затвор од судијката Добрила Кацарска за набавката на Мерцедесот во кој се возеше Зоран Заев како премиер и кој ја намести Кацараска за претседател на Уставниот суд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk