logo
logo
logo

Растот на индустријата во април е лоша вест за оние кои не сакаат државата да успее

Vecer | 15.06.2026

Растот на индустријата во април е лоша вест за оние кои не сакаат државата да успее

Растот на индустријата во април е лоша вест за оние кои не сакаат државата да успее, кои создаваат хистерија и паника, шират невистини и манипулираат, вели премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги статистичките податоци за индустријата.

- Се консолидиравме по шокот во март, кога ескалираше кризата во Заливот и се продлабочи енергетската криза. Веќе во април индустријата бележи значителен раст, односно зголемување од околу 7,4 до 7,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година – изјави денеска Мицкоски, кој присуствуваше на официјалното отворање на новата фабрика на компанијата „Brainchild“ во индустриската зона Жабени во Битола.

Една од причините зошто има раст на индустријата во април, според премиерот, е и тоа што преку унгарскиот кредит слеани се финансиски средства во домашните компании каде се очекува инвестициите да бидат најмалку двојно поголеми од вложените средства.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk