logo
logo
logo

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ со честитка за Илинден:

Денешниот Илинден нѐ потсетува на одговорноста која ја носиме – да ја чуваме и унапредуваме Републиката

Vecer | 02.08.2025

Денешниот Илинден нѐ потсетува на одговорноста која ја носиме – да ја чуваме и унапредуваме Републиката

- Во мое лично и во име на Министерството за односи меѓу заедниците, дозволете ми да ви го честитам 2 август, Илинден – Денот на Републиката – еден од најдлабоко врежаните датуми во историската и колективна меморија на македонскиот народ и држава.

Честувајќи го Илинден, денот кој нè обединува и инспирира, оддаваме почит на историските подвизи и вредносните темели врз кои се изгради идејата за слобода, правичност и заедништво. 

Денешниот Илинден нѐ потсетува на одговорноста која ја носиме – да ја чуваме и унапредуваме Републиката, да ги негуваме вредностите на единство, солидарност и разбирање, и да работиме за иднина во која секој граѓанин ќе се чувствува достоинствено и еднакво. 

Нека е честит 2 август, Илинден – Денот на Републиката! Нека неговата порака за единство, достоинство и визија за подобро утре биде наша водилка, вели во својата честитка заменик-претседателот во Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk