logo
logo
logo

ЃОРЃИЕВСКИ: Верувам во силна поддршка од страна на граѓаните и ќе дадам сè од себе таа поддршка се валоризира

Vecer | 09.07.2025

ЃОРЃИЕВСКИ: Верувам во силна поддршка од страна на граѓаните и ќе дадам сè од себе таа поддршка се валоризира

Програмата за Скопје ќе биде создадена од граѓаните кои ги очекуваат промените во градот, вели Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје.

– Уште по првиот ден кога мојата политичката партија, претседателот Христијан Мицкоски како и Извршниот комитет ми ја дадоа довербата и поддршката започнав со теренски посети. Ги посетив општина Бутел, општина Гази Баба и продолжуваме секојдневно со останатите општини во градот. Верувам во силна победа и давам сè од себе што побрзо да биде готова програмата. Јас не планирам програмата да ја составувам канцелариски и сметам дека најправилниот начин е програмата да биде создадена токму од граѓаните кои ги очекуваат промените во градот Скопје – рече Ѓорѓиевски во гостување на ТВ Алфа.

Ѓорѓиевски објасни зошто е важно ВМРО-ДПМНЕ да победи во градот Скопје и додаде дека ќе даде сè од себе ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот круг да победи во градот Скопје.

– За сите нас е многу важно ВМРО-ДПМНЕ да победи во градот Скопје, затоа што еве пример кога бевме во Гази Баба еден граѓанин рече секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се гради, а кога ќе дојдат овие другите се растура. Значи верувам во силна поддршка од страна на граѓаните и ќе дадам сè од себе таа поддршка се валоризира и да имаме сериозна победа во првиот круг за градот Скопје –  рече тој.

Ѓорѓиевски укажа дека сето ова се должи на сè она што тој и неговиот тим сработиле во овие 4 години за општината Кисела Вода.

– На одлуката јас да бидам кандидат за град Скопје влијаеше и сето она што јас и мојот тим го направивме во овие 4 години во Кисела Вода. Ние имаме реализација на еден сет на проекти кој никој не замислувал во минатото дека ќе дојдат на дневен ред, а камоли да се реализираат. Мене сите добро ме знаат дека не се откажувам пред предизвикот и очекуваат истото да се рефлектира и во градот Скопје. Нема да бидам човек кој ќе биде во канцеларијата и недостапен за граѓаните, туку сосема спротивно, ќе бидам постојано на терен и со граѓаните. Оние кои добро ме знаат, знаат дека сето ова го правам за да оставам нешто позади себе и по нешта по кои ќе ме паметат. Можам исто така да кажам дека ова е една од најголемите и најзначајните битки во животот и сум спремен максимално да се вложам, ќе дадам максимално ова го искористам во интерес на граѓаните – порача Ѓоргиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk