На денешниот протест во Скопје, на кој албански студенти бараа право да полагаат правосуден испит на албански јазик, се случи тежок инцидент, кога групa млади луѓе, кои биле меѓу учесниците на протестот, започнаа меѓусебна физичка пресметка.
Според она што се гледа од снимката што ја објавија повеќе медиуми, се чини дека едно момче е нападнато од група од пет-шест напаѓачи.
Полицијата уапси три лица на протестот за правосуден испит да се полага на албански јазик. Ова доаѓа по тепачка, при која, едно лице освен шамари и боксови, заврши и со искината маица.
“Денеска (18.05.2026) околу 17:45 часот полициски службеници од СВР Скопје приведоа три лица македонски државјани пред Министерството за правда поради нарушување на јавниот ред и мир, велат од МВР.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата