logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА СОСТАНОКОТ „Брдо-Бриони“ во октомври

Vecer | 18.05.2026

МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА СОСТАНОКОТ „Брдо-Бриони“ во октомври

Македонија во октомври треба да биде организатор на состанокот Брдо Бриони, кој требаше да се одржи на Бриони, но беше откажан по заострувањето на реториката меѓу Хрватска и Србија.

​- Морам да кажам дека колегата Зоран Милановиќ го разбирам зошто ја откажа веќе договорената средба на Бриони. И двајцата секако почнавме да размислуваме каде да најдеме решение. Сите во рамките на процесот Брдо-Бриони се согласуваме дека ова е единствена платформа каде што сите држави на Западен Балкан и Словенија и Хрватска, еднаш годишно разговараме. И тоа е навистина битно, рече словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар на заедничката прес-конференција со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова по средбата во Љубљана.

Пирц Мусар истакна дека не е одлучено во кој град во Македонија ќе се одржи но најави дека ќе биде во октомври.

-Сега до мај не можеме на брзина да го организираме, значи октомври, датумите ќе ги кажеме накнадно, тоа е во рацете на претседателката, рече словенечката претседателка.

Процесот Брдо Бриони е инициран од Хрватска и Словенија во 2013 година. На него учествуваат земјите од Западен Балкан и Словенија и Хрватска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk