logo
logo
logo

Вреди им се обрати на студентите-Албанци

НЕ ПОДЛЕГНУВАЈТЕ НА МАНИПУЛАЦИИТЕ НА ДУИ, БЛИСКУ СМЕ ДО РЕШЕНИЕ!

Vecer | 18.05.2026

НЕ ПОДЛЕГНУВАЈТЕ НА МАНИПУЛАЦИИТЕ НА ДУИ, БЛИСКУ СМЕ ДО РЕШЕНИЕ!

Денешниот протест заврши, но вистината остана: ДУИ 20 години манипулираше со употребата на албанскиот јазик – беше истакнато на прес конференција на партијата Вреди посвеетена на протестот организиран од студентите-Албанци за полагање на правосудниот испит на албански јазик.

 Денес сме тука затоа што вистината мора да се каже јасно и гласно: студентите протестираа против неправда која потекнува токму од времето на владеењето на ДУИ. Сите Албанци знаат дека правосудниот испит никогаш не се одржувал на албански јазик.

Протестот е демократско право и никој тоа не го оспорува. Но, ние реагираме против оние кои се обидуваат да го манипулираат истиот за политички цели.

Денес на протестот, без ни малку срам, се појавија и двајцата главни виновници што правосудниот испит не се одржува на албански јазик: Муса Џафери и Блерим Беџети.

Токму тие што денес се обидуваат да ја разгорат оваа тема, ја користеа власта за лично богатење во периодот кога проблемот требаше да биде решен“ – рече Бесар Дурмиши на прес конференцијата на Вреди.

Дурмиши во продолжение директно им се обрати на студентите-Албанци:

– Почитувани студенти, ние отворено разговаравме со вас. Го прифативме вашето барање и ви ветивме дека проблемот ќе биде решен. Вие побаравте правосудниот испит да биде на албански јазик, а ние работиме сите професионални испити да бидат достапни и на албански јазик.

Во таа насока, денес во Владата се одржа средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателите на Вреди. Затоа со целосна сигурност ви порачуваме: многу скоро испитите ќе бидат и на албански јазик.

Албанците не се наивни. Тие многу јасно гледаат дека зад оваа врева не стои грижата за студентите, туку борбата за изгубената власт. Затоа, вистинското прашање е: Зошто Али Ахмети се крие зад студентите? Зошто не им кажува на Албанците дека ова прашање не го реши кога целата власт беше во негови раце?

Уште еднаш, Али Ахмети покажа дека „го фрла каменот, а ја крие раката”. Го потпалува огнот од позади, додека ги турка другите напред, а потоа се обидува политички да профитира.

Затоа, ова прашање не смее да се претвори во судир меѓу институциите и студентите.

Студентите се наши деца. Затоа ги повикуваме студентите да не подлегнуваат на политички манипулации и да имаат доверба дека ова прашање веќе е преземено од Вреди и дека неговото решение е многу блиску – рече Дурмиши.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk