logo
logo
logo

УАПСЕНИ ДВАЈЦА КИЧЕВСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ГРАБЕЖОТ ВО ГОСТИВАР

Vecer | 27.10.2025

УАПСЕНИ ДВАЈЦА КИЧЕВСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ГРАБЕЖОТ ВО ГОСТИВАР

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители учествувале во извршување на кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден.

Тие на 10.10.2025, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар и со сила и закана со огнено оружје одзеле 18 килограми злато.

Двајцата осомничени се полициски службеници од ОВР Кичево, кои се договориле и направиле план за грабежот заедно со другите лица за кои интензивно се преземаат дејствија за пронаоѓање.

Осомничените учествувале во подготовките со извиди на локацијата и на работата на златарницата два дена пред грабежот.

На самиот ден, тие со службено возило на МВР го обезбедувале патот на двете возила искористени за грабежот во Гостивар, од кои едното потоа е пронајдено запалено на магистралниот пат Гостивар-Дебар, додека другото е пронајдено напуштено во Кичево, во близина на сточниот пазар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk