logo
logo
logo

25 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПАМЕТЕН ЗЕЛЕН БРАН за побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ Скопје

Vecer | 29.01.2026

25 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПАМЕТЕН ЗЕЛЕН БРАН за побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ Скопје

Советот на Град Скопје денеска на седница донесе одлука да предвиди 25 милиони денари, наменети за Центарот за управување и контрола на сообраќај.

Ова е дел од проектот на Град Скопје за подобрување на управувањето со сообраќајот преку воведување паметен зелен бран.

– Со овие средства се предвидува унапредување на функционирањето на Центарот, редовно одржување на системите за управување со сообраќајот, како и изнаоѓање нови, паметни и современи сообраќајни решенија поврзани со сигнализацијата – соопшти Даме Димитровски, претседател на Советот на Град Скопје.

– Наместо застарениот концепт на зелен бран од минатото, воведуваме паметен зелен бран – модерен, адаптивен и иновативен систем кој во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали гужвите и ќе овозможи побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ Скопје. Овие мерки ќе донесат значително олеснување на сообраќајниот метеж, подобра организација и поголем комфор за граѓаните – соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој неделава заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одржа координативен состанок со стручни тимови од областа на сообраќајот, посветен на финалните подготовки за официјално пуштање во функција на системот „Безбеден град“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk