logo
logo
logo

ИСКРЕНА СОЛИДАРНОСТ СО НАРОДОТ НА ОАЕ: Мицкоски му се јави на шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан

Vecer | 02.03.2026

ИСКРЕНА СОЛИДАРНОСТ СО НАРОДОТ НА ОАЕ: Мицкоски му се јави на шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан

Денес остварив телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Ова го напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

- Изразив искрена солидарност со народот на ОАЕ и најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од нападите. Нападите врз суверени држави и заканите кон цивилното население претставуваат грубо нарушување на меѓународното право и сериозна закана за регионалната и глобалната стабилност.

Македонија, како членка на НАТО и стратешки партнер на САД, останува цврсто посветена на принципите на суверенитет и територијален интегритет.

Во време на растечка неизвесност, неопходни се одговорност, координација со сојузниците и јасна определба за спречување на понатамошна ескалација.

Во разговорот ја нагласив и потребата од засилена грижа и координација за безбедноста на македонските граѓани кои се наоѓаат во регионот. Информирав дека институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција доколку тоа биде потребно.

Македонија, во контекст на своите стратешки интереси и сојузништва, ќе продолжи да дејствува принципиелно, внимателно и одговорно, во интерес на стабилноста и безбедноста, напиша тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk