logo
logo
logo

РАСТАТ ПЛАТИТЕ, се зголемуваат за 20% и за социјалните работници. А како беше претходно?!

Vecer | 28.08.2025

РАСТАТ ПЛАТИТЕ, се зголемуваат за 20% и за социјалните работници. А како беше претходно?!

Добро е да се направи споредба меѓу параметрите што ги прават СДСМ и ДУИ кога тие беа во Владата седум години во периодот јуни 2017 до мај 2024 година, кога порастот на реалната нето-плата што ја зедоа вработените во Македонија беше околу 3,5 проценти и оваа една година на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата односно од јуни 2024 до јуни 2025 кога реалниот пораст на нето платата е 6,5 проценти, одговори денес претседателот на Владата Христијан Мицкоски на вчерашниот обвинувања од страна на претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Математички, но и било како гледано, 6,5 отсто е речиси двојно повеќе од 3,5 проценти. Селективниот пристап и ваквиот тип на политика на СДСМ донесе резултати во Македонија како што бевме сведоци изминатите седум години катастрофални и уништувачки.

Но она што е поважно и мој совет до раководството на СДСМ е дека тие со ваквиот селективен пристап ја уништија и сопствената партија, рече тој им порача дека СДСМ треба да е конструктивна опозиција, наместо да лиферува невистини.

Мој совет до СДСМ и до луѓето од раководството е дека тие со ваквиот селективен пристап ја уништија и сопствената партија. Мојот совет е да конечно бидат конструктивна опозиција, наместо да спинуваат и да лиферуваат навистина да почнат да предлагаат нешто коешто ќе значи подобар живот за граѓаните, но и за нас како

Влада ќе претставува нешто што е предизвик којшто ние би го прифатиле и би го имплементирале во нашите политики, со еден збор да бидат конструктивна опозиција бидејќи тоа е она коешто им е потребно денеска на граѓаните.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање посочи дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за 20 проценти, како и подобрување на условите за работа.

Станува збор за потпишување на колективен договор во историска смисла на зборот за вработените во социјалните установи и центрите за социјални работи ширум државата.

Со тоа ќе имаме значително зголемување на платата, започнувајќи од платата за месец август.

Во периодот којшто следи Министерството за социјална политика, демографија и млади прави историски чекор во таа насока, но не е само зголемувањето на платите коешто треба да биде 20тина%, туку станува збор и за услови коишто ќе го подобрат амбиентот на работа на вработените во тие установи и ќе значат дополнителна енергија во рамките на социјалната политика во Македонија како држава“, вели Мицкоски.

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ), претставуван од претседателот Трпе Деаноски, како и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), претставуван од претседателот Јаким Неделков, од другата страна на 7 август го потпишаа Колективниот договор за вработените во јавните установи за социјална заштита.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk