logo
logo
logo

ЗАКАЖАЛ ОПЕРАЦИЈА: Газдата на „Дурмо турс“ повторно бара одложување на затворската казна

Vecer | 01.12.2025

ЗАКАЖАЛ ОПЕРАЦИЈА: Газдата на „Дурмо турс“ повторно бара одложување на затворската казна

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, осуден на 10 години затвор за трагедијата кај Ласкарци, повторно побара одложување на издржувањето на казната, со образложение дека денеска треба да биде подложен на операција. Тој денеска требаше да се јави во затворот „Идризово“.

Од Кривичниот суд во Гостивар потврдуваат дека Белули поднел барање за одлагање на казната, приложувајќи болничка документација и упат за операција.

Во барањето е наведено дека од 28 ноември е хоспитализиран и дека за денеска има закажано операција. Судот ќе изврши проверка во болницата за да утврди дали наводите се точни, информираат од судот.

Пресудата за обвинетите во случајот Ласкарци е правосилна од мај. И Белули и Ремзи Мифтари – шеф на возниот парк на компанијата – претходно побараа одложување поради операција на кила. Мифтари во меѓувреме исчезна и полицијата не успеа да го пронајде за спроведување во затвор.

За разлика од нив, останатите осудени веќе се во „Идризово“:– возачот Маноил Трифуновски (14 години),– Јане Бобаровски (5 години),– тројцата вработени во техничкиот центар (по 7 години).

Несреќата кај Ласкарци се случи во 2019 година, кога автобус на „Дурмо турс“ излетa од автопатот поради делумно неисправни сопирачки. Загинаа 14 патници, а повеќе од 50 беа повредени.

Според обвинението, автобусите биле технички прегледувани во станица што формално имала различен правен субјект, но ист сопственик – Белули.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk