logo
logo
logo

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје заради натпреварот Алкалоид-АЕК

Vecer | 24.05.2025

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје заради натпреварот Алкалоид-АЕК

Во Спортскиот центар “Борис Трајковски” утре со почеток во 20:30 часот ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците кон и околу спортскиот центар.

-Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници и апелира до граѓаните во наведениот временски период доколку немаат потреба да не ги паркираат своите возила во близина на спортскиот центар, истакнуваат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk