logo
logo
logo

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ НЕМА НАМЕРА ДА СОРАБОТУВА СО БЛИСКИ НА ДУИ

Vecer | 13.05.2025

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ НЕМА НАМЕРА ДА СОРАБОТУВА СО БЛИСКИ НА ДУИ

Доколку Арбен Таравари има намера да соработува со ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со него, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

– Владата е стабилна, владиното мнозинство е стабилно, Владата работи посветено на реформи. Јас тоа го кажав и пред неколку недели, дека доколку господинот Таравари одлучи да работи со ДУИ, тогаш не може да соработува и со ВМРО-ДПМНЕ. Ние како политички субјект не сме подготвени да имаме соработка со некој којшто има за цел понатаму да дејствува политички во координација со ДУИ, барем до момент дури ДУИ не се реформира, а ДУИ во моментот е далеку од реформиран политички субјект – рече Муцунски во гостување.

Министерот Муцунски потенцираше дека токму ДУИ е виновна за нарушените позиции во надворешната политика.

– ДУИ е виновна за голем дел од овие нарушени позиции, меѓудругото и во надворешната политика, заради тоа што да се вршат криминални активности, се воделе попустливи надворешни политики. И во таа смисла некој што ги нарушувал стратешките позиции на државата, некој што си дозволил да води таква безобразна и бахата внатрешна политика, не може да биде партнер со ВМРО-ДПМНЕ. И некој што е партнер со таков субјект, исто така, не може да биде партнер со ВМРО-ДПМНЕ – рече Муцунски.

Тој додаде дека јавноста ја препознава вистинската и чесна намера на Владата во спроведувањето на реформите.

– Тоа што верувам дека граѓаните го чувствуваат е чесна намера за реформи, реформи насочени кон подобра иднина на државата – заклучи Муцунски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk