logo
logo
logo

ИЗНЕРВИРАНА ШТО ПЛАЧЕЛО, ГО УДИРАЛА БЕБЕТО СО БОКСОВИ ПО УСТАТА - ќе одговара за запуштање и малтретирање на дете

Vecer | 11.11.2025

 ИЗНЕРВИРАНА ШТО ПЛАЧЕЛО, ГО УДИРАЛА БЕБЕТО СО БОКСОВИ ПО УСТАТА - ќе одговара за запуштање и малтретирање на дете

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во Ржаничино, која е осомничена за запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

На 9 ноември во вечерните часови, таа грубо ја запоставила својата мајчинска должност за грижа и воспитување, го запуштила и малтретирала својот 6-месечен син. Изнервирана затоа што бебето плачело, почнала да го удира со раце и тупаници по устата и носот, нанесувајќи му повреди со крварење.

Повредите кај детето ги забележал сопственикот на домот каде престојувала осомничената и уште една пријателка кои го однеле детето на лекарски преглед.

На Клиничкиот центар на детето му биле констатирани повеќе нови повреди – контузии и хематоми, но и постари подливи од претходни повреди. Во исто време, констатирано е дека осомничената од раѓање не го однела детето ниту на лекарски преглед, ниту на вакцинација, меѓу другото со цел да прикрие дека физички го удира бебето.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, пред сѐ, поради опасноста од бегство.

Детето-жртва за кое не е познат другиот родител е згрижено преку Центарот за социјални работи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk