logo
logo
logo

Петрушевски: СО ЗАКАНИ, УЦЕНИ И ПРИТИСОК, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев

Vecer | 19.01.2026

Петрушевски: СО ЗАКАНИ, УЦЕНИ И ПРИТИСОК, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев

Сведоштвата на др. Жан Митрев во кои директно ги обвинува Заев и Филипче дека преку својата политичка моќ и државните институции, вршеле притисок да му ја преземат болницата, ја потресоа јавноста. Но, за нас тие не се изненадување, обвинува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

-Подолг период укажуваме дека ова криминално дуо Заев-Филипче, мора да одговара за своите постапки. Речиси секојдневно излегуваат нови сведоштва, признанија и сериозни сомнежи за начинот на кој функционирале додека ја воделе државата. Покрај златните визи во Дубаи, становите во Дубаи, висококатницата во Дубаи, акции во индиска авиокомпанија, фирми во Бугарија и Македонија, Филипче и Заев во време на КОВИД пандемијата, ја зграпчиле можноста да му ја преземат болницата Жан Митрев, од истоимениот сопственик, вели тој.

Пратеникот посочува дека начинот на кој Заев и Филипче биле спремни да ја земат болницата, во ек на пандемија и вонредна состојба во државата е вистински мафијашки модел на дејствување.

-Според изјавите на др. Жан Митрев, Заев и Филипче рекле дека тие ќе ја одредат вредноста за откуп на уделите во болницата, а за возврат ќе му помогнат во судскиот процес. Дали ова е моделот по кој Филипче сака да ја води Македонија доколку повторно дојде на власт? Дали по сите сомнежи и афери што се врзуваат за неговото име, тој мисли дека се уште има кредибилитет да биде дел од политичката сцена? Наместо да поднесе оставка и да ја препушти СДС на чесни и млади луѓе, Филипче ја држи фотелјата на Заев и продолжува да работи по негови насоки. Ете почитувани, како СДС, со Заев и Филипче ја водеше државата. Со притисоци, закани, уцени и криминал. Го повикуваме ЈО веднаш да го истражи случајот, вели Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk