logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ објави уште 8 кандидати за градоначалници, меѓу нив и жена (ВИДЕО)

Vecer | 13.06.2025

ВМРО-ДПМНЕ објави уште 8 кандидати за градоначалници, меѓу нив и жена (ВИДЕО)

Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ денеска утврди уште 8 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

Жарко Ристески, кандидат за градоначалник за Македонски Брод

Драганчо Саботковски, кандидат за градоначалник за Могила

Тони Тоневски, кандидат за градоначалник за Пробиштип

Марјан Пеев, кандидат за градоначалник за Богданци

Наталија Димитриева, кандидат за градоначалник за Демир Капија

Ѓорѓи Крстевски, кандидат за градоначалник за Росоман

Стевче Стевановски, кандидат за градоначалник за Новаци

Златко Силјановски, кандидат за градоначалник за Дебарца

-Сметаме дека овие 8 кандидати за градоначалници се одговорни, исполнителни личности кои својата активност ја докажале не само во рамки на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, туку имаат углед и во самите општини, изјави вечерва Антонио Милошоски.

На истите ќе им биде препорачано во следниов период, да си отворат што поголема комуникација со локалните граѓани во општините за да може да поработат директно на терен за составување на програмата која што е потребна за локални избори.

Централниот штаб ќе биде на располагање заедно со еден тим кој што ќе биде формиран за локалните избори, да им помогне за одредени проекти, кој што се од поголемо капитално значење за Македонски брод, Могила, Новаци, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Росоман и Дебарца.

Цениме дека со овие 8 вечерва објавени кандидати за градоначалници и претходните 25, ВМРО-ДПМНЕ со самодоверба чекори кон локалните избори бидејќи сме единствената партија која што во моментов има обзнането имиња на 33 кандидати за градоначалници за кои што сметаме дека се на добар пат и да ја добијат довербата на граѓаните.

Оние кои што се актуелни градоначалници сметаме дека со досегашната работа, ќе имаат добар кредит да ја добијат и понатамошната доверба, а оние кои што добиваат шанса за прв пат, искуството кое што го имале претходно во своите општини и поддршката која што ќе ја имаат од своите колеги, и од нас како поголема политичка партија, цениме дека ќе им биде ветар во едра за спроведување на добра програма и реализација на добри проекти корисни за нивните општини, соопшти Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk