logo
logo
logo

МВР објави потерница по Ремзи Мифтари, ОСУДЕН ЗА „ДУРМО ТУРС“

Vecer | 25.11.2025

МВР објави потерница по Ремзи Мифтари, ОСУДЕН ЗА „ДУРМО ТУРС“

МВР трага по Ремзи Мифтари, кој е осуден на 10 години затвор за страшната сообраќајна несреќа кај Ласкарци кога се преврте автобус на „Дурмо турс“. На сајтот на МВР се појави сликата на Мифтари, кој на 18 ноември не бил пронајден по наредбата за присилно спроведување во судот.

Мифтари претходно не одјде на затворската капија „Идризово“ во рокот што му бил даден. Тој неколкупати го одложуваше одењето во затворот со образложенија дека е болен и дека треба да се оперира од кила на тестиси.

Пресудата му беше изречена уште во мај, како и на Дурмиш Белули кој е газда на „Дурмо турс“, кој исто така е осуден на 10 години затвор и кој исто како и Мифтари, се оперираше од кила на тестиси, речиси истовремено со него.

Во несреќата кај Ласкарци загинаа 16 патници, а повеќе од 30 беа повредени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk