logo
logo
logo

НАЈДОБРИТЕ СТУДЕНТИ ЌЕ СЕ ВРАБОТАТ ВО МВР, а професорите ќе предаваат и во средното полициско

Vecer | 03.06.2025

НАЈДОБРИТЕ СТУДЕНТИ ЌЕ СЕ ВРАБОТАТ ВО МВР, а професорите ќе предаваат и во средното полициско

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на одбележување на 50 години од формирањето и дејствувањето на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Министерот Тошковски истакна дека половина век постоење на една академска институција значи многу повеќе од бројка – тоа е сведоштво за посветеност, упорност, научна страст и континуирана мисија во образованието и формирањето на генерации стручни и одговорни личности.

„Во рамки на досегашната соработка помеѓу министерството и институтот креиравме мост помеѓу науката и институцијата во насока на реализација на конкретни проекти кои би биле од силно значење како за институтот, студентите така и институциите. Веќе сме во процес за реактивација на средното полициско училиште кое е синоним за градење на професионални полициски кадри и треба да се случи следната година и во таа насока дел од професионалниот кадар ќе биде токму од Институтот за безбедност, одбрана и мир.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски образложи дека со новиот Закон за внатрешни работи кој треба да се донесе се предвидува директно вработување на најдобрите студенти на овој факултет во рамки министерството за внатрешни работи. Со ваков пристап целта е да се мотивираат македонските студенти да ја гледаат својата иднина туку и максимално да придонесат со својата академска наобразба во правилно функционирање на безбедносните институции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk