logo
logo
logo

Малку им беше до сега: ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ УШТЕ ТРИ ЛИЦА ЗА ПОДМЕТНАУВАЊЕ НОВИ ПОЖАРИ

Vecer | 21.09.2025

Малку им беше до сега: ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ УШТЕ ТРИ ЛИЦА ЗА ПОДМЕТНАУВАЊЕ НОВИ ПОЖАРИ

Двајца државјани на Република Турција со привремен престој во Скопје се уапсени откако предизвикале пожар во скопското село Горно Нерези.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), во саботата околу 18 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги уапсиле Џ.К.(50) и А.А.(43). Тие се сомничат дека додека работеле со апарат за заварување на плац во Горно Нерези, од искрите се запалила сува трева, по што огнот се проширил и надвор од градежната површина.

Полицијата уапси мажи во тетовско и во струмичко поради предизвикување пожари.

Полициски службеници од ПО Групчин, вчера во 16:35 часот, го уапасиле Н.И.(70) од с.Чифлик, постапувајќи по претходна пријава дека тој, додека ја чистел неговата нива на местото викано „Ливада" на стариот пат од с.Чифлик за с.Ларце, ја запалил собраната сува трева и предизвикал пожар, кој потоа е изгаснат. Н.И. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Еден e осомничен за обид за изнуда и закани кон градоначалник.

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истражна постапка против едно лице од Неготино за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Кривичните дела ги извршил кон градоначалникот на Неготино.

„На 2 септември, од анонимен Фејсбук профил му пишал на градоначалникот и со сериозни директни закани кон него и неговото семејство се обидел да го присили да му исплати 3.000 евра. Во периодот од 4 до 18 септември, во неколку наврати осомничениот испраќал пораки со смртни закани на градоначалникот и на официјалната електронска пошта на општината, со што кај оштетениот и неговото семејство предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв“, велат од ОЈО.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk