logo
logo
logo

ИМАМЕ ЛЕКАРИ СО ЕВРОПСКИ РЕЗУЛТАТИ: Др Фанка Гилевска од Промедика со награда од Загреб

Vecer | 24.12.2025

ИМАМЕ ЛЕКАРИ СО ЕВРОПСКИ РЕЗУЛТАТИ: Др Фанка Гилевска од Промедика со награда од Загреб

Професионалната посветеност, научната продуктивност и континуираниот стремеж кон извонредност на д-р Фанка Гилевска, офталмолог во Промедика Офталмологија, се крунисани со високо академско признание – Деканова награда на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Загреб.

Д-р Гилевска во 2024 година успешно го одбрани својот докторски труд на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Загреб, на тема “Impact of the postoperative corneal density on the shape of the cornea after corneal cross linking procedure”, со што даде значаен научен придонес во областа на корнеалната офталмологија и современите cross-linking процедури.

Како признание за исклучителната научна активност, континуираната истражувачка работа и високиот квалитет на академскиот придонес за време на докторските студии, оваа година д-р Гилевска се здоби со Деканова награда, која традиционално се доделува на мал број доктори на науки за нивната исклучителна продуктивност и посветеност. Наградата беше врачена на свечената седница по повод 108-годишнината на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Загреб, еден од најзначајните медицински факултети во регионот.

Ова високо признание претставува потврда за нејзината професионална зрелост и научен интегритет, но и за вредноста што д-р Фанка Гилевска ја носи во секојдневната клиничка пракса и во развојот на офталмологијата во рамки на најголемата очна групација во земјата - Промедика Офталмологија, каде знаењето, искуството и грижата за пациентите се поставени како највисок приоритет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk